24фудбал

Тежок пораз за САД и Андоновски на стартот од Олимписките игри (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на САД која цели на олимпиското злато, со пораз од 3-0 од Шведска го почна натпреварувањето.

Останато

Селекцијата на САД на која селектор е Македонецот, Влатко Андоновски доживеа тежок пораз на стартот од Олимпијадата.

Швеѓанките беа подобри во текот на целиот натпревар и на крајот победија убедливо со 3-0.

Два гола беа дело на Блекстениус, еднаш погоди Хуртиг. Американките двапати ја погодија стативата.

Но ништо не е загубено за САД, ова е само прв меч од групната фаза. Во групата се селекциите уште и селекциите на Австралија и Нов Зеланд. Во четвртфиналето одат најдобрите две од групата и најдобрите две третполасирани од трите групи.