24фудбал

Варан и неговите агенти донеле одлука и му ја соопштиле на Реал Мадрид

Рафаел Варан е на излезна врата од Реал Мадрид и се очекува во наредните денови да потпише за Манчестер јунајтед, но се уште нема договор меѓу двата клуба.

Шпанија

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се во преговори за трансфер на Рафаел Варан. Тој по враќањето во клубот по одморот, заедно со своите агенти му го соопштил ставот на челниците.

Варан и агентите му потврдиле на Реал Мадрид дека тој сака да замине и да проба ново искуство со преселба во Премиерлигата.

Но, рекле дека фудбалерот ќе биде трпелив и без да прави притисок ќе го чеа исходот од преговорите меѓу Реал и Јунајтед.

Реал Мадрид се обидува да го предомисли, но позицијата на Варан е цврста.

Тој е подготвен да ги прифати условите за договор кои му ги нуди Манчестер јунајтед.