24фудбал

Официјално: Брахим Дијаз ќе продолжи да игра за Милан

Милан потпиша двегодишна позајмица со Брахим Дијаз со опција да биде комплетно откупен, Реал Мадрид има клаузула според која може да го врати.

Шпанија

Милан и Реал Мадрид постигнаа договор. Брахим Дијаз во наредните две сезони ќе игра како позајмен на Сан Сиро, за таа услуга росонерите ќе платат 3 милиони евра.

Милан има опција за дополнителни 22 милиони евра комплетно да го откупи Дијаз, а Реал Мадрид има клаузула според која за 27 милиони евра може да го врати назад.

Минатата сезона Дијаз исто така играше на позајмица во Милан, постигна седум голови на 39 натпревари.

Шпанецот ќе го носи дресот со број 10 откако тој стана слободен по заминувањето на Чалханоглу.