24фудбал

Сака си ја отвори душата: Почувствував како да ја оставив Англија на цедило... (ФОТО)

Сака беше еден од тројцата фудбалери на „Гордиот Албион“ кои промашија во обидот од белата точка, заедно со Маркус Рашфорд, односно Џејдон Санчо.

ЕВРО 2020

Фудбалерот на Арсенал, како и репрезентативец на Англија, Букајо Сака за прв пат се одзва во јавноста по промашениот пенал против Италија со што „Гордиот Албион“ го загуби големото финале на Европското првенство, а 19 годишниот фудбалер се обиде во клучната, петта серија.

Бев вон сите случувања на социјалните мрежи неколку денови, за да поминам дел од своето време со семејството, би сакал да се заблагодарам на сите за поддршката, оваа порака нема да донесе правда во моментов, но благодарен сум на поддршката која ја добив“ пишува Сака.

Бев многу повреден, почувствував како да ве оставив сите вас и мојата Англија на цедило, но можам само ова да ви го ветам – нема да дозволам тој момент или негативност која ја добив оваа седмица да ме скрши“ додава тој во дел од писмото.

Веднаш знаев за начинот на омразата кон мене која ќе ја добијам, тоа е тажна приказна... Нема место за расизам и омраза во било кој аспект од фудбалот, или било кој аспект општо во животот, сепак, ќе победиме, ме радува фактот што голем број луѓе бараат одговорност за сиве овие несакани постапки од група на луѓе“ нагласи младиот фудбалер на Арсенал.