24фудбал

Бонучи открива како Англичаните ја зголемиле мотивацијата кај него и Кјелини

Леонардо Бонучи вели дека однесувањето на англиските навивачи само дополнително ги мотивирало него и Џорџо Кјелини.

ЕВРО 2020

Бонучи и Кјелини имаа фантастично Европско првенство, двајцата искусни дефанзивци ја предводеа Италија до големиот трофеј. Функционираа беспрекорно.

Бонучи открива дека свирежите за време на химната и тоа што што Англичаните си мислеа дека веќе го „вратија фудбалот дома“ за нив било само дополнителна мотивација.

„Тие ја свиркаа нашата химна, мислеа дека го „вратиле фудбалот дома“. Тоа за мене и за стариот човек тука (Џорџо Кјелини) не значеше ништо друго освен зголемена мотивација“, открива Бонучи.

„Тоа беше лична сатисфакција за мене и Џорџо, кои секогаш не ги добивавме признанијата кои ги заслужувавме“.