24фудбал

Кејн: Ова не беше наша ноќ, но беше фантастично првенство за нас, главата горе!

Капитенот на Англија, Хари Кејн жали што тој и неговите соиграчи не станаа Европски шампиони, но вели дека треба да бидат горди на нивниот настап на Европското првенство.

ЕВРО 2020

Англија не го освои големиот трофеј и разочарувањето е големо за нив, но тие испишаа историја, за првпат играа финале на Европско првенство.

„Не можев да дадам повеќе. Момците не можеа да дадат повеќе. Пеналите се најлошото чувство кога ќе загубите. Ова не беше наша ноќ, но беше фантастичен турнир и треба да ги кренеме главите горе“, вели Кејн по мечот.

„Се разбира дека сега ќе боли. Ќе боли некое време, но ние сме на вистинската патека и градиме и се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри следната година“.

„Игравме против многу добар противник. Имавме перфектен старт. Можеби премногу се повлековме на моменти. Тие многу ја имаа топката. Но го контролиравме мечот, не им дававме да создаваат многу шанси. Тие дадоа гол и потоа мечот беше израмнет. Пеналите се пенали. Момците дадоа се што можеа, ова не беше наша ноќ“.

„Треба да бидеме екстремно горди на оваа група која стигна до тука. Сите ние сме победници и ова можеби ќе не боли некое време, можеби до крајот на кариерите, но тоа е фудбал“.