24фудбал

Мурињо го сака Алиоски како замена за Спинацола, Македонецот наскоро ќе добие понуда од Рома!?

Медиумите од Италија пренесуваат дека Езгјан Алиоски е ново име на листата со желби на Рома, „волчицата“ во Македонецот гледа замена за повредениот Леонардо Спинацола.

Македонија

Леонардо Спинацола минатата недела ја повреди Ахиловата тетива, левиот бек веднаш беше опериран и сега го чека долг процес на опоравување и пауза од најмалку шест месеци.

Па Рома и Жозе Мурињо започнаа потрага на нов лев бев а според пишувањата на „Ил Темпо“, ново име на листата со желби е Езгјан Алиоски.

Македонецот е слободен играч откако заврши неговиот договор со Лидс на 30. јуни а преговорите за продолжување на соработката завршија неуспешно.

„Ил Темпо“ вели дека раководството на Рома веќе остварило контакт со придружбата на Езгјан Алиоски, наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и ќе достават конкретна понуда.

Весникот исто така додава дека Милан и Наполи внимателно ја следат ситуацијата. Македонецот претходно се поврзуваше со трансфер во Турција, каде Галатасај и Трабзонспор пројавуваат интерес.