24фудбал

Клуб од Примера се интересира за Дарко Веловски!

Настапите на Дарко Велковски на Европското првенство им фатија око на луѓето од Алавес кои би сакале да го ангажираат македонскиот фудбалер.

Македонија

Велковски имаше забележителен настап на Европското првенство, беше еден од најдобрите фудбалери на Македонија, па може лесно да се случи да ја напушти Ријека за трасфер во клуб од силна лига.

Шпанските медиуми пишуваат дека Алавес се интересира за Велковски, но за да тргнат и конкретно по него треба бразилскиот стопер Родриго Ели да го напушти клубот.

Од клубот ќе си оди и Флоријан Лежен кој игра како позајамен од Њукасл, па Алавес во Велковски гледа одлична и веројатно не многу скапа опција.

Македонскиот фудбалер има уште една година од договорот со Ријека, па се верува дека хрватскиот клуб нема да бара нереално обесштетување за неговите услуги.