24фудбал

Почетни состави: Во Будимпешта финале пред финалето (ФОТО)

Со вечерашните две пресметки се спушта завесата од групната фаза на Европското првенство, а сите опции се во игра во групата „Ф“.

ЕВРО 2020

Вечерва ќе се решат сите дилеми во оваа конкуренција, а сигурно дека очите на љубителите на фудбалот ќе бидат вперени во Будимпешта каде се среќаваат актуелниот светски првак Франција против европскиот првак Португалија.

Актуелната ситуација на табелата во оваа група гласи вака: Франција 4, Германија 3, Португалија 3, односно Унгарија 1, со тоа што ремито на Унгарија против „Триколорите“ од претходното коло ги остави отворени сите опции во игра.

Познати се и почетните состави за вечерашните натпревари, а од тоа што можеме да го забележиме, Фернандо Сантош се реши да го пресели очајниот Бруно Фернандеш на клупата за дуелот со Франција, каде неговите избраници ќе тргнат во офанзивна формација од 4-3-3, каде ќе напаѓаат Бернардо Силва, Роналдо, односно Жота.


На спротивната страна, селекторот на Франција, Дидје Дешам се реши за формација 4-2-3-1, со Бензема како класичен напаѓач, а од крилните позиции ќе напаѓаат Мбапе, односно Толисо, со Гризман како полушпиц.


Германија во дуелот со Унгарија ќе тргне со триото Хаверц и Сане како полушпицови веднаш зад најистурениот Гнабри во формација 3-4-2-1 против Унгарците кои ќе почнат нешто попретпазливо со формација 5-3-2, со Салаи и Сзалаи во нападот.