24фудбал

Коке му врати мило за драго на Ван дер Варт: Те гледам на фотографија со Иниеста,,,

Холанѓанецот би можел да се покае поради критиките кон „Црвената Фурија“ која реално разочара многумина со досегашните перформанси на Европското првенство.

ЕВРО 2020

Рафаел ван Дер Варт ја критикуваше селекцијата на Шпанија за нејзините досегашни резултати на Европското првенство каде запиша две ремија, против Шведска, односно Полска.

Во изјава за шпанско радио, фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, но и шпански репрезентативец, Коке му возврати на Холанѓанецот и го истрола за сите пари.

Ван де Варт го посакува својот момент на слава, а веројатно и го има во моментов“ рече Коке во изјавата за „Ел Партидацо де КОПЕ“.

Го видов него на финалето од Светското првенство, а ние во Мадрид имаме фотографија од голот на Андрес Иниеста против Холандија, на истата е Ван дер Варт веднаш до него, едноставно морате да го почитувате“ додаде тој.