24фудбал

Тоа е Елмас: Пред неколку часа слета во Скопје, а веќе трча на кеј! (ФОТО)

Затоа е таму каде што е, Елиф Елмас не одмара, веднаш по пристигнувањето во Скопје почна да тренира, објави стори на својот профил како трча на кеј.

Македонија

Елмас уште во времето додека беше во Работнички важеше за играч кој многу тренира, кој работи повеќе од другите. Сега има 21 година и игра за еден од најголемите италијански клубови, но не престанува да тренира.

Се врати од Европско првенство, пред неколку часа слета во Скопје, и наместо да одмори, тој излегол на кеј да трча. Елмас е пример како се успева во фудбалот.