24фудбал

Данска го покажа својот сјај против Русија и се пласира во осминафиналето, Финска ќе чека (ВИДЕО)

Данска со убедливи 4-1 ја победи Русија и иако освои само три бода, дојде до втората позиција и пласман во осминафиналето на Европското првенств, Белгија со 1-0 ја совлада Финска.

Англија

Данците се опоравија по шокот кој ги снајде на почетокот од Европското првенство кога Ериксен се бореше за својот живот. Немилите сцени се зад нив, а со каков квалитет располагаме, почувствува Русија.

Отпорот на Русите беше скршен во 38. минута кога Дамсгард постигна гол за водство на Данска од 1-0, а Поулсен во 59. зголеми на 2-0.

Ѕјуба од пенал во 70. минута намали на 2-1 и ја врати Русија во игра, но следуваше брз одговор од Данска. Со голови на Кристенсен и Маеле дојдоа до победа од 4-1.

Белгија со автогол на Храдецки и гол на Лукаку со 2-0 ја победи Финска.

Белгија со максималани девет бодови го освои првото место, Данска, Финска и Русија имаат по три бода, но Данците имаат подобра гол разлика и се втори, Финска ќе чека до крај да види дали како третопласирана ќе може да продолжи, а Русија е елиминирана.