24фудбал

Ако Англија го освои ЕП, сите англиски фудбалери ќе направат фризура како Фоден

Фил Фоден потврди дека во англиската селекција има договор дека ако го освојат Европското првенство сите ќе се шишаат како него.

ЕВРО 2020

Пред настапот на Европското првенство, Фоден го смени имиџот, направи фризура која налкуваше на онаа на Гаскоњ додека легендарниот фудбалер настапуваше.

Тој во изјава за „ТокСпорт“ открива дека паднал договор сите играчи на Англија да направат фризура како него, но само ако го освојат ЕП.

„Им реков ако освоиме да се шишаат како мене, сите се сложија“, вели Фоден.

Англија има одличен состав, но не блескаше во првите две кола, ја победи Хрватска со 1-0 и одигра 0-0 со Шкотска.