24фудбал

Гатузо нема да биде тренер на Тотнем, фановите не му го забораваат инцидентот на Сан Сиро (ВИДЕО)

Тотнем нема да го назначи ниту Џенаро Гатузо за нов тренер, ракцијата на фановите по гласината дека тој би можел да биде нов предводник, го предомислило раководството.

Англија

Даниел Леви веќе го има привлечено гневот на фановите на Тотнем, па не сака нова лавина од нивно незадоволство кон него, а тоа ќе се случеше доколку беше назначен Џенаро Гатузо за нов тренер.

Тотнем имал состанок со агентот на Гатузо, Жорж Мендеш, но по реакцијата на фановите одлучиле да ги прекинат преговорите.

Навивачите не го забораваат инцидентот на Сан Сиро, кога Гатузо тргна да се тепа со Џо Џордан, асистентот на Хари Реднап.