24фудбал

Раниери: Манчини отвори ново поглавје, Италија наликува на перфектен оркестар

Искусниот италијански фудбалски стратег има доста пофални зборови за селекцијата на „Аѕурите“ која делува моќно на Европското првенство.

ЕВРО 2020

Клаудио Раниери смета дека Италија на Роберто Манчини игра како клуб, откако „Аѕурите“ запишаа две победи на стартот од воведните две кола на Европското првенство, паднаа Турција и Швајцарија, и обете со по 3-0.

Можеби противниците не се целосна слика, меѓутоа факт е дека Италијанците делуваат моќно, за што уверуваат и зборовите на Раниери, кој „Аѕурите“ ги опиша како еден перфектен оркестар.

Италија игра како клуб, едноставно така наликува, тоа се повтори и против Турција“ рече Раниери.

Дриблање, пресинг, трчање, постојан континуитет во играта, ова навистина е национален тим кој игра како клуб, а сето тоа уште повеќе ја подобрува работата на Роберто Манчини“ додава тој.

Досега, сево ова мене лично ми наликува на еден перфектен оркестар, шест гола постигнати, а ниту еден примено досега, целосна доминација над противникот, Манчини отвори ново поглавје со Италија, мораме да продолжиме да го следиме“ нагласи Раниери.