24фудбал

Бура од емоции: Белгијците и Данците го прекинаа мечот и упатија поддршка до Ериксен (ВИДЕО)

Како што беше и претходно најавено, фудбалерите на обата тима ја прекинаа играта во предвидениот тајминг и му упатија поддршка на Ериксен кој за среќа е во стабилна состојба.

ЕВРО 2020

Доста емоции на стадионот во Копенхаген каде се среќаваат Данска и Белгија во второто коло од групната фаза од Европското првенство, а сето тоа поради Кристијан Ериксен.

Како што е познато, тој во првото коло колабираше на сред мелот со Финска, а со крајни напори беше спасен неговиот живот, но сега за среќа е во стабилна состојба.

Во знак за поддршка до Данецот, фудбалерите на Данска и Белгија во 10 минута, како што и беше претходно најавено, го прекинаа мечот, по што следеше бура од емоции...