24фудбал

Докторот го опиша трогателниот момент кога Ериксен отворил очи и открива кои биле првите зборови на фудбалерот

Германецот Јенс Клајнефелд, еден од докторите кои го третираа Кристијан Ериксен на теренот, вели дека реанимацијата била успешна бидејќи се работело за спортист и го опиша трогателниот момент кога фудбалерот отворил очи.

ЕВРО 2020

На дуелот помеѓу Данска и Финска, Кристијан Ериксен колабираше на теренот, неговото срце престана да бие, но докторите успешно го реанимираа.

Германецот Јенс Клајнефелд беше еден од докторите кои го вратија Данецот живот и во разговор со медиумската групација Функе тој раскажа што се случувало во Копенхаген. Откако масажата на срце (CPR) не вродила со плод бил употребен дефибрилатор и за среќа бил доволен само еден електро шок за срцето на Кристијан Ериксен да почне повторно да бие.

„30 секунди подоцна, играчот ги отвори очите и јас можев да разговарам со него директно. Тоа беше многу трогателен момент, во секојдневниот живот, шансите да спасите нечиј живот при една ваква ситуација се многу помали“ – вели Клајнефелд.

„Го погледнав и го прашав, „Кристијан, дали ни се врати?“, а тој ми одговори, „Да се вратив“ и потоа рече, „Проклетство, имам само 29 години“. Во овој момент знаев дека нема оштетување на мозокот и дека се е во ред со него“.

Докторот исто така објаснува дека Кристијан Ериксен бил целосно свесен уште на тревата, но било потребно време да се постават сите монитори и апарати неопходни за безбеден транспорт до болницата.