24фудбал

Гатузо ќе си оди од Фиорентина иако не го водеше тимот на ниту еден меч!?

Од Италија стигнува информација дека Џенаро Гатузо има недоразбирања со раководството на Фиорентина и може да замине пред да почне со работата.

Италија

Познатиот италијански новинар, Џанлука Џи Марцио тврди дека Гатузо е на излезна врата од Фиорентина.

Тој има недоразбирања со раководството за трансфер стратегијата на клубот.

Бордот има различни гледишта за трансфер стратегиите во однос на Гатузо и неговиот агент Жорж Мендеш.

Гатузо беше назначен за нов тренер на Фиорентина по завршувањето на сезоната, тој практчно се уште не почнал да работи со неговиот нов тим, а веќе ќе си оди.