24фудбал

Италија ја победи Швајцарија и си израмни рекорд, десет меча без примен гол! (ВИДЕО)

Италија со убедливи 3-0 ја совлада Швајцарија и го запиша десеттиот натпревар без примен гол, со овој триумф обезбедија пласман во осминафиналето.

ЕВРО 2020

Италија одигра уште еден брилијантен меч, ова беше нивниот десетти натпревар без примен гол со што го зрамнија сопствениот рекорд од почетокот на деведесетите.

Кјелини прв ја затресе мрежата на Швајцарија, но неговиот гол во 19. минута беше поништен поради игра со рака. Тој предвреме го заврш мечот откако пет минути подоцна беше заменет поради повреда.

Во 26. минута Локатели постигна гол по асистенција од Берарди за водство од 1-0.

По седум минути игра во второто полувреме, Локатели постигна нов гол, овој пат со удар од далечина за 2-0.

На минута пред крајот, Италија постигна уште еден гол од голема далечина, овој пат Имобиле беше стрелец за конечни 3-0.

По две одиграни кола во групата А, Италија е прва со шест бода, Велс е втор со четири, Швајцарија има еден бод, Турција нема бодови.