24фудбал

Што се случува во оваа група: Страшен пад на Фернандеш (ВИДЕО)

На натпревар од истата група претходно Данецот Кристијан Ериксен падна како покосен на теренот откако колабираше на сред мечот со Финска, а за среќа на крајот беше спасен неговиот живот со крајни напори.

ЕВРО 2020

Селекцијата на Русија славеше минимална победа над Финска во второто коло од групата „Б“ на Европското првенство, меѓутоа во 26 минута од пресметката „Зборнаја“ го загуби Марио Фернандеш кој имаше доста незгоден пад по еден воздушен дуел.

И повеќе од веројатно е дека Бразилецот со руски пасош нема да биде во комбинација за настап во последното коло против Данска, а од рускиот национален тим потврдија дека е избегнато најлошото сценарио, односно повреда на рбетот, иако беше изнесен на носилки.