24фудбал

Милан постигнал договор со Челси за Томори?

Англискиот дефанзивец за брзо ги освои симпатиите во Милано и ги импресионираше навивачите на „Росонерите“ кои сигурно имаат причини за радост.

Италија

Милан и Челси наводно постигнале договор околу откупот на договорот на Фикајо Томори кој изминатата сезона играше како позајмен во дресот на „Росонерите“ кои завршија на второто место во Серија А, но и обезбедија место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Како што пишува „Калчомеркато“, официјалната потврда на веста се очекува да се случи во петок, со тоа што клубот од Милано наводно ја активирал опцијата за целосен откуп на договорот на 23 годишниот стопер.

Томори стана регуларен стартер под кормилото на Стефано Пиоли, а запиша 17 настапи во Серија А, со тоа што постигна и еден гол, и тоа против Јувентус.

Милан веќе имаше исплатено 1 милион евра за позајмицата на Томори, а ќе придодадат уште 27 милиони евра за целосен откуп на неговиот договор.