24фудбал

Мбапе за „војната“ со Жиру: Го видов во соблекувалната, а ништо не ми рече директно

Светскиот првак на Европското првенство тргнува со пресметката против Германија во вторник во вечерниот термин од 21 часот, меѓутоа во составот на „Триколорите“ се случи еден вид раскол.

Останато

Нема дилеми во тоа дека има поделба во националниот фудбалски состав на Франција, која важи за еден од главните фаворити за освојување на Европското првенство, поделба која се случи откако Оливие Жиру јавно се пожали дека неговите соиграчи биле себични.

Се работи за победата над Бугарија во контролен меч од 3-0, каде Жиру постигна два гола, а тој индиректно ги посочи соиграчите од офанзивниот ред поради тоа што не добивал употребливи топки, па сето тоа на своја душа наводно си го ставил Килијан Мбапе, барем така извести „ЛЕкип“, кој дури сакал и да организира прес конференција за да ја каже својата страна од приказната.

Мбапе признава дека бил налутен на сите тие случувања, а додаде и дека Жиру ништо не му рекол лично во соблекувалната.

Јас разговарав со Жиру, сите знаат што се случи, точно е дека бев помалку погоден за тоа, но нема да правиме сцени поради сето тоа бидејќи тука сме да ја презентираме Франција, тоа е најважното во моментов“ рече Мбапе.

Поентата е во тоа што повеќе кажа пред целата јавност, отколку тоа што го кажа, всушност, јас го видов него во соблекувалната, а не ми рече ништо“ додаде младата ѕвезда на ПСЖ.

Се верува дека Мбапе добил и извинување од страна на Жиру за време на тренинг, меѓутоа двоецот и натаму не разговарал, што сигурно е лоша увертира за светскиот првак.