24фудбал

Тотнем конечно најде нов тренер

Неколку извори од Англија пренесуваат дека Пауло Фонсека и Тотнем начелно се договориле, Португалецот ќе се обврзе кон „спарси“ на две години со опција за уште една додатна.

Англија

Заврши потрагата на Тотнем за нов тренер, Пауло Фонсека ќе треба да го наследи Жозе Мурињо.

Попладнево неколку извори од Англија пренесуваат дека Пауло Фонсека и Тотнем начелно се договориле, Португалецот ќе стави потпис на соработка од две години и опција за уште една додатна.

Се очекува во скоро време да пристигне и официјална потврда.