24фудбал

Бејтулаи: Напаѓачката игра нè донесе на ЕП, нема зошто да ја менуваме

Егзон Бејтулаи вели дека напаѓачката игра е карактеристична за Македонија и со таков приод треба да играме на сите натпревари на Европското првенство.

ЕВРО 2020

Дефанзивниот фудбалер во македонската репрезентација, Егзон Бејтулаи и порачува на фановите да веруваат во фудбалерите, а тие ќе ги изненадат.

„Играме многу добар фудбал и не сме таква екипа, која во секоја минута се брани, ние напаѓаме. Мислам дека не треба да ја менуваме нашата игра на ниеден од натпреварите, ние сите напаѓаме и сите се браниме. Секако, тоа зависи и од резултатот, дали треба да го браниме но зошто да не напаѓаме и кога имаме добар резултат. А кога немаме позитивен резултат, секако дека ќе напаѓаме. Мило ми е што се враќаат навивачите, јас само би им порачал да ни веруваат и да веруваат во нашата игра. Видоа каде нè донесе таа досега, стигнавме до Европско, така што нека ни веруваат до крај, може да ги изненадиме“, вели Бејтулаи.

„Многу ми е мило, што можев да ја претставувам Македонија на младинското ЕП во Полска, а сега и со А-тимот да дојдам на еден голем настан. Ете стигнавме таму каде што најмногу посакувавме, на Еуро. Многу ми е драго што сум дел од избраните репрезентативци и се надевам дека ќе одиграм најдобро што можам. Секој играч чувствува притисок пред натпреварите и ние реба да знаеме како да се носиме со тоа. Не само противниците, туку и ние имаме фудбалери што настапуваат во големи клубови и големи лиги, но најважното е да играме како тим. Ако добијам минути, ќе ги искористам најдобро што знам и ќе го дадам најдоброто за Македонија“.