24фудбал

Мурињо вели дека Роналдо бил заљубен во Бензема во Реал Мадрид, ја откри и причината за тоа

Португалскиот фудбалски стратег не се штедеше на пофални зборови за францускиот напаѓач за кого подвлече дека можеби е единствената „деветка“ која тој ја познава, а да не е себична.

Шпанија

Жозе Мурињо се пошегува на сметка на Кристијано Роналдо, за кого изјави дека бил заљубен во Карим Бензема во Реал Мадрид, меѓутоа, за неговиот сонародник да биде во такво расположение со свој соиграч во нападот, тоа значи дека тој прави многу за него во самата игра, тврди Мурињо.

Најдобриот комплимент кој би можеле да му дадете на Карим Бензема е всушност фактот што Кристијано Роналдо беше заљубен во него во Реал Мадрид“ вели Мурињо.

А Роналдо да биде заљубен во друг офанзивен фудбалер тоа значи дека тој прави многу за Кристијано, а тој прави навистина многу за секој офанзивец што игра близу него“ додава новиот тренер на Рома.

Карим веројатно е единствената „деветка“ која јас ја познавам да не е себичен на натпреварите, неговата визија е едноставно неверојатна, тој ужива во фудбалската игра со многу слобода, би можел да го споредам со Хари Кејн“ подвлече португалскиот фудбалски стратег.