24фудбал

Атлетико Мадрид го одби Манчестер јунајтед за Трипие и му порача да плати три пати повеќе од понуденото

Се верува дека Трипие, кој со „Јорганџиите“ ја освои Примера изминатата сезона, е подготвен да се раздели со клубот од Мадрид, а наводно немал ништо против преселба во Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер јунајтед испратил понуда во висина од само 10 милиони фунти за услугите на 30 годишниот Кјеран Трипие, бекот на Атлетико Мадрид кој има активен договор со тој клуб до 2023 година.

Репрезентативецот на Англија е еден од главните цели на Оле Гунар Солшер за засилувања на „Црвените ѓаволи“ ова лето, но „Црвените ѓаволи“ сигурно нема да го добијат неговиот потпис за таа цена, а ќе мораат да платат три пати повеќе од истата.

Атлетико Мадрид јасно им навел на Премиерлигашот дека ќе мора да издвојат 35 милиони фунти, онолку колку што изнесува откупната клаузула на бекот, за да го ангажираат во сопствените редови.

Трипие направи трансфер во Атлетико Мадрид од Тотнем во 2019 година, трансфер вреден близу 20 милиони фунти, а изминатата сезона ја одбележа со шест асистенции на 28 настапи во Примера.