24фудбал

„Го повреди Азар, а ми велиш дека си среќен што си ме сретнал?“

Муние се убедувал во тунелот со првиот човек на Реал Мадрид по несреќниот момент во кој неговиот сонародник Азар се здоби со повреда.

Шпанија

Томас Муние беше фудбалерот кој донесе големи главоболки за Реал Мадрид, но и за Белгија, откако на мечот во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид го повреди Еден Азар.

Тоа се случи во ноември 2019 година, а по мечот Муние тврдеше дека е тажен по што се обидел и да го контактира својот сонародник Белгиец, меѓутоа не успеал во таа намера, а го налутил дури и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

По мечот јас бев во тунелот, а пристигна и Флорентино, му ја подадов раката да се поздравам и му реков дека ми е чест и задоволство што го гледам“ рече Муние за „РТБФ Спорт“.

Тој ми возврати: ‘Чест и задоволство ти е што се среќаваш со мене? Дали разбираш дека ти го повреди Еден Азар? А ми велиш дека ти е чест и задоволство што ме среќаваш“ открива Белгиецот.

Го прашав дали јас го повредив Азар, дали е тоа моја вина, тој ми потврди, јас му реков дека тоа беше дуел како и секој друг, се случува, фудбал е, дел од играта“ подвлече Муние кој тврди дека тоа било сосема случајна незгода без никакви намери.