24фудбал

Мбапе сакал да свика прес за да ја каже другата страна од приказната со Жиру

Жиру по мечот со Бугарија се пожали дека не добивал употребливи топки од неговите соиграчи, практично, многумина тоа го протоколкуваа како негова директна прозивка до партнерите во нападот, на што збеснал Мбапе.

Останато

Произлезе немир во соблекувалната на „Триколорите“ по последната контролка на светскиот првак против Бугарија во која фаворитот славеше убедлива победа од 3-0, а џокерот од клупата на Дидје Дешам, Оливие Жиру иако погоди на два пати, по мечот се пожали за себичност кај неговите соиграчи.

Жиру во игра на контролката влезе во 41 минута заменувајќи го Карим Бензема, за во 83, односно 90 минута да погоди на два пати и да донесе убедлива победа на „Триколорите“, меѓутоа малку недостасувало неговата изјава да донесе тежок раскол во соблекувалната.

Се верува дека Дешам реагирал правовремено и спречил потежок скандал во селекцијата на Франција која воедно е еден од главните фаворити за претстојното Европско првенство, откако најмногу на коментарите на Жиру се налутил Килијан Мбапе, кој дури сакал и да свика прес конференција за да ја каже и другата страна на приказната.