24фудбал

Манчестер јунајтед се договори со Санчо и испрати понуда до Дортмунд но...

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед си подал рака со Џејдон Санчо, „ѓаволите“ испратиле и понуда до Борусија Дортмунд вредна 70 милиони евра, но оваа сума не е доволна за реализифрање на трансфер.

Англија

Манчестер јунајтед тргна по потписот на Џејдон Санчо, неколку извори пренесуваат дека „ѓаволите“ и напаѓачот си подале рака за соработка до 2026 година.

Клубот од Олд Трафорд испратил и понуда до Борусија Дортмунд вредна 70 милиони евра, но оваа сума не е доволна за реализирање на трансфер.

Борусија Дортмунд бара 90-95 милиони евра плус бонуси. „Милионерите“ веруваат дека лесно можат да ја добијат оваа бројка доколку играчот има добар настап на Европското првенство, плус за Англичанецот интерес пројавуваат уште неколку клубови и тоа може дополнително да ја подигне цената.