24фудбал

Ромањоли во Барселона, Фирпо во Милан?

На повидок е еден вид трампа помеѓу обата клуба, трампа со која можеби и обете страни би биле задоволни, особено Милан кој претходно доби „корпа“ од Фирпо.

Шпанија

Барселона е заинтересирана за услугите на дефанзивецот од Милан, 26 годишниот Алесио Ромањоли, а „Росонерите“ би можеле да го побараат Жуниор Фирпо за возврат.

Капитенот на Милан има уште една година од својот актуелен договор со клубот, а во Италија наведуваат дека веќе ја одбил можноста да ја продолжи соработката.

„Мундо Депортиво“ веќе извести дека Барселона е сериозна во намерата да го ангажира Ромањоли, а весникот додава дека во Милан се подготвени на разделба со фудбалерот ова лето, за да не останат со празни раце наредната година.

Истиот медиум подвлекува и дека контроверзниот агент Мино Рајола е подготвен да го вклучи Жуниор Фирпо во договорот помеѓу обата клуба, за кого  „Росонерите“ беа во преговори уште во јануари, меѓутоа тогаш 24 годишниот фудбалер одби таква можност.