24фудбал

Меси и Аргентина во 94. минута испуштија победа, Нејмар и Бразил продолжуваат да „газат“ (ВИДЕО)

Аргентина остана без победа на гостувањето кај Колумбија откако прими гол во 94. минута, Бразил остана со перфектен скор и забележа победа на гостувањето кај Парагвај.

Јужна Америка

„Гаучосите“ одново испуштија водство и мораа да се задоволат само со бод во квалификациите на Јужна Америка за СП 2022. Утрово, Аргентина имаше два гола предност против Колумбија, со погодоците на Ромеро и Паредес поведе со 0-2 по десетина минути игра.

Сепак, домаќините се вратија во игра на стартот од второто полувреме со голот на Муриел за Борха во 94. минута да реализира за 2-2 и поделба на бодовите.

Бразил остана со перфектен скор и 6 од 6 со победа на гостување кај Парагвај. Нејмар ги донесе „кариоките“ во предност уште во 4. минута.

Трите бода беа осигурани во финишот од мечот, Нејмар го проигра Пакета, кој прецизно биеше по земја за 0-2.

На останатите два натпревари кои се одиграа утрово, Венецуела одигра 0-0 против Уругвај, а Чиле 1-1 против Боливија.