24фудбал

Донарума ги одбра парите, се сели во ПСЖ за 12 милиони евра по сезона

Голем број на извори пренесуваат дека Џиџо Донарума е многу блиску до преселба во ПСЖ, преговорите за петгодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона се во завршна фаза.

Италија

Џиџо Донарума кариерата ќе ја продолжи во Париз, голем број на извори вечерва објавија дека голманот е многу блиску до преселба во Париз.

Во завршна фаза се преговорите за петгодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона. Секако, се очекува и богата провизија за Мино Рајола.