24фудбал

Обештетување за Жиру не доаѓа во предвид за Милан, се разгледуваат три алтернативни опции

Челси во текот на вчерашниот ден активираа опција во договорот со Жиру која воопшто не им се допадна на челниците на Милан, а воедно е спротивно од уверувањата на агентот на Французинот.

Италија

Доколку Челси бара обештетување за Оливие Жиру, во тој случај Милан ќе се префрли на другите алтернативни опции кои ги има на трансфер пазарот, а тоа се наводно Аркадиуш Милик, Душан Влаховиќ, како и Џанлука Скамака.

„Росонерите“ и натаму остануваат во преговорите за ангажман на 34 годишниот Жиру чијд договор со Челси истекува идната година, а наводно Французинот добил две годишен договор како понуда од италијанскиот вицепрвак.

Од Челси веќе потврдија дека ја активирале опцијата за дополнителни 12 месеци договор за Французинот, иако агентот на напаѓачот уверуваше дека тој ќе си замине како слободен агент од тој клуб.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Милан нема намера да плаќа обештетување за услугите на Жиру, а другите опции за клубот од Милано се Милик од Олимпик Марсеј, кој се поврзува со Јувентус и Рома, но уште и Влаховиќ за кого Фиорентина бара најмалку 50 милиони евра, како и Скамака кој е на позајмица во Џенова од Сасуоло.