24фудбал

Италија нема примено гол осум меча по ред, а последен пат загубиле во 2018

Италијанската фудбалска репрезентација предводена од Роберто Манчини е во страшна серија на резултати, а ретко кој ја сместува меѓу најголемите фаворити за освојување на ЕП.

Останато

Италија синоќа ја победи Чешка со убедливи 4-0 и запиша уште еден триумф во големата низа.

На последните осум натпревари немаат примено гол, а на тие мечеви секогаш постигнувале најамалку два. Последен пат нивната мрежа ја затрсле фудбалерите на Холандија, тој меч завршил 1-1.

Италија нема пораз на 27 натпревари по ред, последен пат загубиле од Португалија во септември 2018 година.

Селекцијата на Манчини е шестти фаворит за освојување на Европското првенство, пред неа се Франција, Белгија, Шпанија, Германија и Португалија.