24фудбал

Санчез донесе бод за Чиле и не дозволи славје на Аргентина (ВИДЕО)

Селекцијата на Чиле не дозволи славје на Аргентина која на свој терен одигра 1-1 против незгодниот противник, а со самото тоа „Гаучосите“ не беа во можност освен статуа, на легендарниот Марадона да му подарат и победа.

Јужна Америка

Аргентина ремизираше на домашен терен против Чиле со резултат 1-1 во петтото коло од мундијалските квалификации во Јужна Америка, а конечниот исход од пресметката беше поставен уште во првите 45 минути игра.

„Гаучосите“ први поведоа со голот на Меси од пенал во 23 минута, меѓутоа во 36 минута Санчез израмни на 1-1 и уште во тој дел од мечот беше поставен конечниот исход на оваа пресметка.

Аргентина со 11 бода е на второто место со бод заостанување зад лидерот Бразил кој има меч помалку во моментов, а Чиле од пет натпревари има освоено исто толку и бодови, а засега е вон позициите кои водат на Мундијалот.


Инаку, пред натпреварот со Чиле, Аргентинците му открија статуа на легендарниот Диего Армандо Марадона пред стадионот „Сантијаго дел Естеро“, а фудбалерите на домаќинот носеа и посебна посвета до него со пораката „1960 засекогаш“.

Од останатите натпревари во таа конкуренција кои се одиграа доцна синоќа, Колумбија славеше со 0-3 на гостувањето кај Перу, а Уругвај и Парагвај одиграа без голови.