24фудбал

Моментот кога економот на Сити го доби на лотарија автомобилот на Агуеро: Ќе одам на работа со Рејнџ Ровер! (ВИДЕО)

Се појави видеото од лотаријата која Кун Агуеро ја направил пред да замине од Манчестер Сити, автомобилот Рејнџ Ровер заврши кај економот на „ѓаволите“.

Англија

Пред неколку денови беше објавено дека Кун Агуеро бил прилично дарежлив при заминувањето од „Етихад“ и на 60 луѓе од персоналот на Манчестер Сити им подарил часовници. Имало и лотарија на која бил доделен Рејнџ Ровер вреден околу 40.000 фунти.

Сега се појави и видео од настанот, економот на „граѓаните“ беше среќникот кој ќе го вози автомобилот на Кун Агуеро.

„Се тресам... на работа ќе одам со Рејнџ Ровер“ – рече човекот додека се ракуваше со Аргентинецот.

Беше снимен и моментот кога економот ги доби клучевите, „Ова сега е твој автомобил“.