24фудбал

Видал добро ќе биде удрен по џебот: Бил со модел во хотел, снимал реклама, имал дружба со пријатели...

Од Чиле во вторникот потврдија дека фудбалерот се рехабилитира во болница, а воедно е изолиран од своите соиграчи 72 часа, тој ќе го пропушти мечот со Аргентина во мундијалските квалификации, а неизвесен и за пресметката со Боливија предвидена за 9 јуни.

Останато

Артуро Видал е под истрага поради прекршување на протоколот во Чиле за заштита од ковид-19, откако фудбалерот на Интер истиот го прекршил со посета

Фудбалерот од средниот ред на „Нероаѕурите“ доби десет денови период за карантин откако пристигна на интернационалната пауза за да ги исполни обврските кон својот национален тим, но му било кажано дека може да ги види само најблиските од своето семејство.

Како и да е, аргентинскиот весник „Кларин“ тврди дека Видал, кој беше позитивен на тестирањето за ковид-19 оваа седмица, ги прекршил правилата за протоколот во неколку ситуации, а му биле потребни дури четири часа за да ја информира куќата на фудбалот во Чиле за позитивниот тест.

Наместо да ги види само своите најблиски, Видал наводно присуствувал на трка, го посетил второлигашот кого дел тој го поседува, снимал дури и реклама, а бил и на појадок со пријатели.

Меѓутоа тоа не било се’, 34 годишниот фудбалер дури поминал одреден период со модел во хотелска соба пред да им се приклучи на своите соиграчи од репрезентацијата, за што сега се соочува со парична казна од близу 70 илјади евра.

За ситуацијата од целата оваа приказна со Видал да биде уште поинтересна за целокупната јавност, фудбалерот во петокот потврди на социјалните мрежи дека примил доза вакцина за заштита од Ковид-19, пред подоцна да биде позитивен на вирусот.