24фудбал

Навивачите на Манчестер Сити и Челси повторно се судрија во Порто (ФОТО)

Обете навивачки групи одново предизвикаа инциденти во Португалија, каде вечерва се игра големото финале од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челси.

Лига на Шампиони

Голем број на англиски навивачи се пристигнати во Порто каде ќе ги бодрат своите омилени клубови Манчестер Сити и Челси вечерва, но во пресрет на финалето тие веќе сторија два инциденти, во кои мораше да интервенира и полицијата.


(сцени од четвртокот)

Локалните барови работат во полна пареа, меѓутоа тоа доведе и до несакани последици откако навивачите се судрија повторно во текот на вчерашниот ден, откако претходно истото го сторија и во четвртокот.

На вчерашните сцени може да се забележи како се судри една мала група навивачи, неколкумина си разменуваат удари, а другите од баровите си фрлаат пијалоци едни на други, по што на крајот реагираше и полицијата за да ги оддели групите.