24фудбал

ПСЖ сака да крeира страшен бековски тандем, Хакими и Тео Ернандез се селат во Париз?!

ПСЖ и Леонардо планираат шопинг во Милано, сакаат да ги купат Ашраф Хакими од Интер и Тео Ернандез од Милан.

Франција

„Светците“ сакаат да креираат страшен бековски тандем, на десната страна во одбраната да игра Ашраф Хакими а на левата Тео Ернандез. Откако утрово беше објавено дека е остварен контакт со фудбалерот на Интер, вечерва пристигна информација дека се преговара и со играчот на Милан.

Се шпекулира дека ПСЖ е многу блиску до договор со Тео Ернандез, треба да се испеглаат уште некои детали. Клубот од Париз потоа ќе треба да постигне и согласнсот со Милан, „росонерите“ бараат преку 40 милиони евра.

Што се однесува до Ашраф Хакими, ПСЖ сака да вметне Леандро Паредес во зделката, додека пак Интер преферира само пари и бара најмалку 55 милиони евра за десниот бек.