24фудбал

Жозе Фонте, беше одбиван од португалските клубови, на 28 години заигра во Премиерлига, го освои ЕП, а како капитен на Лил го крена трофејот во Франција пред ПСЖ

Португалскиот фудбалер, Жозе Фонте има исклкучително интересна кариера, играчот кој беше потценуван на крајот дојде до неверојатни успеси.

Франција

Жозе Фонте релативно постар му се промовираше на фудбалскиот свет бидејќи рано во кариерата многу од португалските фудбалски клубови го одбиваа.

Почна во вториот тим на Споротинг Лисабон, па се пресели во Фелгуеираш, одигра една сезона во Виторија Сетубал од каде се пресели во Бенфика но за нив немаше ниту еден настап, го дадоа на позајамица во Пакош Фереира, па во Естреља Амадора.

Откако во сите тие португалски клубови не беше сериозно третиран, реши среќата да си ја побара во Англија, потпиша за Кристал Палас во 2007 година кога тимот настапуваше во Чемпионшип. Таму помина три години, со нив се пласираше во Премиерлигата, но тогаш премина во Саутемптон.

Деби во Премиерлигата имаше на дури 28 години. Во Саутемптон се промовираше на големата фудбалска сцена, таму остана седум години и стекна важна репутација. Доби повик и од португалската репрезентација со која го освои Европското првенство.

Во 2018 година се пресели во Лил, денес им е капитен, а синоќа на 37 години го крена шампионскиот пехар во Франција, направи сензационален успех со овој тим станувајки шампион пред богатиот ПСЖ.

Фонте ќе биде дел од португалската репрезентација и на престојното Европско првенство.

Жозе Фонте е доказ дека никогаш не треба да се откажувате од своите соништа, тој одеше по трнлив пат, дури на 28 години заигра во една од најдобрите лиги, а потоа достигна огромни фудбалски височини.