24фудбал

Падна рекордот на Герд Милер, Левандовски погоди во 90. минута за нова историја! (ВИДЕО)

Роберт Левандвоски ја затресе мрежата на Аугсбург во 90. минута и го собори рекордот на Герд Милер, Полјакот сезоната во Бундеслигата ја заврши со 41 погодок зад своето име.

Германија

Рекордот на Герд Милер од сезоната 1971/72 не преживеа, Роберт Левандовски испиша нова историја откако во 90. минута ја затресе мрежата на Аугсбург. По еден шут на Сане од врвот на шеснаесетникот, гостинскиот голман лошо реагираше, Полјакот прв стигна до одбиената топка и погоди за погодокот број 41 оваа сезона.