24фудбал

Циркуз во Копа Либертадорес: Фудбалер од средниот ред ќе стои на голот на Ривер и тоа повреден!

Пандемијата на ковид-19 му нанесе големи проблеми на Ривер Плата, „милионерите“ едвај ќе скрпат тим за дуелот со Санте Фе во Копа Либертадорес а на голот ќе стои фудбалерот од средниот ред, Енцо Перез кој е повреден.

Јужна Америка

Ноќеска, два часа по полноќ, Ривер Плата треба да го преческа Санте Фе во 5. коло од Копа Либертадорес. Тренерот Марсело Гаљардо има огромна мака откако дури 25 члена на клубот мораат во изолација поради ковид-19.

Ривер едвај најде 12 играчи за мечот (двајца не се доволно фит), а дополнителен проблем е тоа што нема ниту еден голман на располагање. Клубот побара од КОНМЕБОЛ да бидат вметнати двајца нови голмани, но доби негативен одговор.

Раководните лица на КОНМЕБОЛ уште пред стартот на сезоната биле свесни дека може да се случи едно вакво црно сценарио, па на клубовите им дале можност да пријават дури 50 фудбалери наместо 25. Луѓето во Ривер очигледно не верувала во можноста повеќе од половина тим да се зарази, пријавил само 32 фудбалери па сега ќе мора да настапат без голман.

Како што пренесуваат медиумите, речиси сигурно е дека помеѓу стативите ќе стои фудбалерот од средниот ред, Енцо Перез кој се повреди пред неколку дена и не требаше да биде во комбинација за мечот.