24фудбал

Захави со фотошоп ги корегира фудбалерите кои изразуваат поддршка за Палестина (ФОТО)

Израелскиот фудбалер на ПСВ, Еран Захави со фотошоп става израелски знамиња врз палестинските кои осамнуваат од некои фудбалери кои даваат поддршка на Палестина.

Останато

По вчерашниот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Фулам, Пол Погба и Амад Диало извадија палестинско знаме и го вееа на Олд Трафорд во знак на поддршка на Палестина во конфликтот со Израел.

Захави наместо палестинското го монтираше израелското знаме и иронично преку својот инстаграм профил се заблагодари за поддршката на Погба и Диало.


Претходно истото го направи кога по финалето од ФА Купот, играчите на Лестер, Хамза Чудури и Весли Фофана извадија палестинско знаме.