24фудбал

Дали Мекнил го плукна Алиоски?

На социјалните мрежи е објавено видео од кое се добива впечаток дека Двајт Мекнил го плукна Езгјан Алиоски додека Македонецот лежеше на тревата.

Англија

Езгјан Алиоски е во фокусот на англиската јавност откако имаше интересна реaкција на дуелот против Барнли. Македонецот се спречка со Двајт Мекнил и направи гест со кој добро ги насмеа сите.

На Англичанецот не му се допадна потегот на Езгјан Алиоски па го пријави кај судијата и протестот треба да биде проследен до ФА на разгледување.

Но на социјалните мрежи е објавено видео од кое се гледа дека Двајт Мекнил е тој кој прв прави недоличин гест. Додека Македонецот лежеше на тревата, фудбалерот на Брајтон му пријде и се добива впечаток дека го плукна.

Останува да се види што ќе има во извештајот на судијата и дали ФА ќе покрене постапка.