24фудбал

Пандев од пенал до 101-от гол во Серија А, Аталанта ќе игра во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Горан Пандев стигна до 101-от гол во Серија А откако погоди од белата точка против Аталанта во меч со седум погодоци, гостите од Бергамо на крајот славеа победа од 3-4 и настап во Лигата на шампиони.

Италија

Нова одлична партија на Горан Пандев, Македонецот постигна гол и забележа асистенција во поразот на Џенова од 3-4 против Аталанта.

Гостите имаа сигурна предност од 0-3 и 1-4, но Пандев во 66. минута од белата точка го постигна 101-от погодок во Серија А и намали на 2-4. Напаѓачот потоа му асистираше на Шомуродов за 3-4 и неизвесна завршница, но гостите од Бергамо ја задржаа предноста и се радуваа на нов настап во Лигата на шампиони.