24фудбал

Арсенал му дава поддршка на Артета, тој ќе остане тренер и покрај лошата сезона

Раководството на Арсенал реши да не прави тренерска смена, тие сметаат дека Микел Артета е вистинското решение на долг рок и ќе му дадат поддршка.

Англија

Арсенал игра лоша сезона во која голема е веројатноста да не избори пласман во Европа. Во моментов се на деветата позиција во Премиерлигата.

Но информациите од Англија велат дека клубот нема да го менува Артета. Тој ќе остане. Раководството и шпанскиот стратег веќе го кројат планот за настап во преодниот рок.

Синоќа стигна потврда и дека Давид Луиз нема да го продолжи договорот со Арсенал. Одлуката ја донел фубалерот заедно со бордот, а Артета ја одобрил.