24фудбал

Лукаку никогаш не му дал гол на Јувентус

Ромелу Лукаку има 62 гола во дресот на Интер, но никогаш не погодил против Јувентус, утре има нова шанса да го урне тоа.

Италија

Утре од 18 часот Јувентус го пречекува Интер во нова епизода од Дербито на Италија. А во пресрет на мечот интересно е да се знае дека Лукаку никогаш не дал гол против Старата Дама.

Лукаку играл пет пати против Јувентус, од нив четири како играч на Интер и еднаш со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Од тие деули Лукаку само еднаш се радувал на победа против Јуве, кога Интер во јануари оваа година победи со 2-0.

Белгиецот утре има нова шанса да му даде гол на Јуве. За Интер овој меч нема големо значење, тие веќе се шампиони, но за Јувентус е премогу важен овој дуел, секој загубен бод може да ги одалечи од битката за топ четири.