24фудбал

Дибала му одговори на Роналдо и се пофали со нов луксузен автомобил (ВИДЕО)

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала на социјалните мрежи објави дека станал сопственик на нов луксузен автомобил, се работи за Ламборгини Авентадор С Роудстер.

Италија

На почетокот од оваа недела, Кристијано Роналдо беше во посета на фабриката на Ферари во Маренело, ЦР7 оваа прилика ја искористил да ја збогати својата колекција и тоа со супер-лусузниот модел на Ферари Монца вреден 1,6 милиони евра.

Португалецот денеска доби „одговор“ од соиграчот во нападот, Пауло Дибала. Аргентинецот на социјалните мрежи објави дека ставил сопственик на нов луксузен автомобил и се почестил за погодокот број 100 во Серија А.

Популарниот „Ла хоја“ минатата година беше во посета на фабриката на Ламборгини па сега го купил моделот Авентадор С Роудстер. Се работи за автомобил со 740 коњски сили и максимална брзина од 350 км/ч.

Автомобилот е изработен специјално за Пауло Дибала, и со сите додатоци кои ги побарал фудбалерот, се верува дека цената е речиси 400.000 евра.