24фудбал

„Ќе ви откријам бомба, Лаутаро Мартинез се сели во Атлетико Мадрид!“

Поранешниот напаѓач на Интер, Никола Вентола вели дека Лаутаро Мартинез ќе ја продолжи кариерата во редовите на Атлетико Мадрид, трансферот веќе е договорен.

Италија

Лаутаро Мартинез минатото лето силно се поврзуваше со Барселона, во последно време неговото име се поврзува со Реал Мадрид, но Никола Вентола вели дека сосема трет клуб ќе биде идната дестинација на Аргентинецот.

Поранешниот напаѓач на Интер открива дека Лаутаро Мартинез кариерата ќе ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид.

„Ќе ви откријам бомба, Лаутаро Мартинез се сели во Атлетико Мадрид. Се е договорено за негова преселба таму. Ми кажаа дека зделката е готова, се работи за добро платен трансфер“ - вели Вентола во разговор со Бобо Виери на Твич.