24фудбал

Румениге: Кој продава напаѓач кој ви носи 60 гола во сезона

Карл Хајнц Румениге негира дека Баерн Минхен ќе го продаде Роберт Левандовски, уверен е дека напаѓачот останува.

Германија

Левандовски кој игра во фантастична форма во последните сезони има договор со Баерн Минхен до јуни 2023, но се појавија шпекулации дека би можел да земине ова лето. Се поврзуваше со Сити и Челси.

Но, Карл Хајнц Румениге вели дека нема да го продадат Левандовски, тој останува во Баерн Минхен.

„Не се сомневам дека тој ќе остане. Кој продава напаѓач кој ви носи по 60 гола годишно? Исто така неговиот агент не ни спомнал за можно заминување“, вели Румениге.